Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДЗС: Цените на угостителските услуги во јули се зголемилe за 2,1 процент на годишно ниво

ДЗС: Цените на угостителските услуги во јули се зголемилe за 2,1 процент на годишно ниво

Според податоците на Државниот завод за статистика индексот на цените на угостителските услуги во јули оваа година во споредба со претходниот месец се зголемил за 0.1 проценти.

Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите: храна за 0.2 проценти, алкохолни пијалаци за 0.4 и безалкохолни пијалаци за 0.1 проценти.

Индексот на цените на угостителските услуги во јули 2013 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 2.1 проценти.

Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги во однос на декември 2012 година е зголемен за 0.8 проценти, додека за периодот јануари- јули 2013 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 1.1 проценти.

Слично

Поврзани вести