Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДЗС: Бројот на туристите во јуни е зголемен за 7,3 отсто во однос на јуни 2012 година

ДЗС: Бројот на туристите во јуни е зголемен за 7,3 отсто во однос на јуни 2012 година

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во јуни 2013 година изнесува 67.822, што значи дека е зголемен за 7,3 проценти, во однос на јуни 2012 година.

Податоците Државниот завод за статистика покажуваат дека бројот на ноќевањата изнесува во јуни 2013 година изнесува 168.412, со што е зголемен за 3,1 процент во однос на истиот период претходната година. Бројот на домашните туристи во јуни 2013 година, во однос на јуни 2012 година, е намален за 7,8 проценти, а бројот на странските туристи е зголемен за 16,1 отсто. Бројот на ноќевањата на домашните туристи во јуни 2013 година, во однос на јуни 2012 година, е намален за 9,4 отсто, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 12,5 проценти. Во периодот јануари-јуни 2013 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 6,1 проценти и тоа: кај домашните туристи има намалување за 2,6 отсто, а кај странските има зголемување за 11,7 проценти. Во периодот јануари-јуни 2013 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 5,3 проценти и тоа: кај домашните туристи има намалување за 1.2 отсто, а кај странските има зголемување за 10,5 проценти.

Слично

Поврзани вести