Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДЗС БАРА СТАТИСТИЧАРИ СО ПЛАТА ПОД ПРОСЕКОТ, со интерен оглас ќе се пополнуваат десет позиции, меѓу кои и раководни

ДЗС БАРА СТАТИСТИЧАРИ СО ПЛАТА ПОД ПРОСЕКОТ, со интерен оглас ќе се пополнуваат десет позиции, меѓу кои и раководни

Државниот завод за статистика на својата веб страна објави огласи со кои бара кандидати за дури десет позиции. Забележливо е дека за пет позиции се нудат плати кои се далеку под просекот, а се бараат кандидати со високо обаразование.

Преку првиот интерен оглас ДЗС ќе пополнува позиции со кои ќе се утврдуваат состојбите во сектор социјални статистики, за каде се бара виш советник за образование. Се бара и советник за анкета на работна сила во Одделението за пазар на труд, а се бара и виш соработник во истото одделение. Во истиот оглас се бара и Советник за информирање во Одделение за дисеминација, но и лектор по албански јазик.

Кантидатот за секторот социјални статистики треба да има високо образование од областа на економските науки или пак етнологија, образование, но и да има познавање на еден странски јазик кој се користи во Европската унија, познавање на компјутери, како и двегодишно искуство. Согласно законските работни обврски тој ќе зема плата од 23.394 денари.

Советникот во Одделението за пазар на труд исто така треба да има високо образование од областа на економијата или социологија, солидно познавање на странски јазик и компјутери, а неговата нето плата ќе биде 26.566 денари. Додека кандидатот кој ќе биде избран за виш соработник во овој сектор со исти квалификации ќе зема 23.394 денари за својата работа во ДЗС.

Советникот во Одделението за дисеминација исто така треба да има високо образование, познавање на странски јазик и компјутери, а ќе зема 26.566 денари.

Лекторот исто така треба да има високо образование, со познавање на странски јазик и компјутери, а ќе зема плата како и претходниот кандидат, 26.566 денари.

ДЗС воедно има објавено оглас и за уште пет работни места, со кои се бара Раководител на сектор за национални сметки, Раководител на кабинетот на директорот, Раководител на Регионално одделение за статистика во Скопје, Раководител на Одделение за сателитски сметки како и Раководител на одделение за статистики во Струмица. За овие кандидати платите се нешто повисоки, однсоно дел се околу просечната плата. Четворица од кандидатите ќе земаат 30.056 денари за својот труд, додека Раководителот на сектор за национални сметки ќе добива месечен надомест од 38.041 денар за својата работа, но кандидатот треба да има петгодишно искуство со две години искуство на раководни позиции. 

Останатите кандидати исто така треба да имаат високо образование, познавање на странски јазик и компјутери, како и потврда за положен испит за административно работење, и четиригодишно работно искуство.

П.О.

Слично

Поврзани вести