„ЏОНСОН МЕТИ“: Само една фирма од Македонија на списокот на 100 најголеми во регионот!
Компанијата „Џонсон Мети“, која работи во слободната економска зона во Бунарџик, е единствена компанија од Македонија која се најде на списокот на 100-те најголеми компании во Југоисточна Европа за 2013 година.
Истражувањето го подготви бугарската агенција „Сињуз“, а на листата „Џонсон Мети“ се наоѓа на 62-та позиција. Останатите макеоднски компании се котирани пониско од 100-тата позиција. Првото место на листата го има романската нафтена компанија ОМВ „Петром“ со приход од 4,27 милијарди евра и нето-профит од 1,08 милијарди евра.
По сектори, рангирани се и банките и осигурителни компании во регионот. На листата за најголеми банки, најдобро рангирана банка од Македонија е Комерцијална банка, која се наоѓа на 54. место. Стопанска банка е на 57., а НЛБ Тутунска на 69. место.
Од осигурителните компании, пак, на најдобра позиција од Македонија е Триглав Осигурување, на 64-тото место.
Слично
