Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Џонсон Контролс“ ја отвора фабриката во Штип

„Џонсон Контролс“ ја отвора фабриката во Штип
Автомобилски седишта и навлаки ќе се произведуваат во новата фабрика на компанијата „Џонсон Контролс“, што ќе бице отворена денеска во технолошко индустриската развојна зона во Штип. Погонот претставува инвестиција од 20 милиони евра, а во него треба да бидат вработени  над 1.400 лица. Ова е прва фабрика во штипската индустриска зона, а втора на „Џонсон Контролс“ во Македонија. Компанијата веќе работи во економската зона Бунарџик близу Скопје. Светскиот гигант за происзводство за опрема за автомобили е присутен во 150 држави и има вкупно 154.000 вработени. Според пресметките на македонската Влада, над  760 милиони евра добивка од извозот направиле компаниите кои произведуваат во индустриските зони во земјава, а годинава се очекува тој извоз да расте за 50 отсто или до 1, 2 милијарди евра.  
Слично

Поврзани вести