„Џонсон Контролс“ е првиот овластен економски оператор во Македонија
Компанијата „Џонсон Конролос“ ги исполнува условите за сметководствена и деловна евиденција за придржување кон даночните и царинските процедури и условите за контрола за безбедност, исто како Царинската управа да врши контрола. Поради тоа, Царинската управа и додели одобрение за овластен економски оператор.
- Ова се големи стандарди и оваа компанија по сите проверки се покажа дека ги исполнува овие услови, истакна директорот на Царинската управа Ванчо Каргов по денешното врачување на уверението на компанијата „Џонсон Контролс“.
Покрај ова одобрение, како што информира Каргов, во постапка се и други уверенија за овластени економски оператори.
Одобренијата за овластен економски оператор немаат одредена важност, но подлежат на редовна ревизија што значи дека условите од уверенијата треба перманентно да бидат исполнети.
Концептот на овластен економски оператор е одамна промовиран од страна на Светската царинска организација и прифатен од многу држави и опфаќа подобности за овластен економски оператор во државата и надвор од државата.
Слично
