Економија, финансии, бизнис

Контакт

Џобс не е Гејтс, но давал донации?

Џобс не е Гејтс, но давал донации?
Иако една од најголемите критики кон основачот на Епл додека беше жив е тоа што тој не е особено филантропски настроен и млноги малку донирал во хумани цели. Џобс, кој станува милијардер благодарение на компанијата „Pixar“, не беше познат како активист за разлика од Бил Гејтс, кој вети дека ќе донира поголем дел од своето богатство за каузите во кои верува. Сепак, неодамна медиумите објавија дека семејството на Џобс редовно донирало средства за различни хумани цели во последните 20 години. Донациите сепак биле анонимни пишува „New York Times“. „Ние не сакаме да ни се врзуваат нашите имињата на различни нешта“, рече сопругата на Џобс,  Лорин Пауел, па семејството едноставно решило да дава анонимни донации. Неодамна Пауел имаше повеќе јавни настани говорејќи за каузи во кои верува како реформи за имиграцијата во САД и во образованието.
Слично

Поврзани вести