Економија, финансии, бизнис

Контакт

Џихадисти планирале напад врз израелските фудбалери во Албанија

Џихадисти планирале напад врз израелските фудбалери во Албанија

Фудбалскиот натпревар меѓу Албанија и Израел е прогласен за меч со висок ризик откако полицијата уапси  четворица албански државјани осомничени за тероризам. 

- Израелската тајна служба Мосад доставила информации до албанските власти дека се подготвува терористички акт против израелските фудбалери на натпреварот меѓу фудбалските репрезентации на Албанија и Израел на 19 ноември во Скадар.

 веднаш по добиените информации, албанските власти ги превзеле сите потребни мерки, по што следувало апсењето на четирите лица, а најмалку 30 се под истрага поради поврзаност со ИД.

Поради постоење сомнеж дека е можен обид за терористички напад, фудбалскиот натпревар Албанија-Израел, во договор со израелската фудбалска федерација наместо во Скадар, ќе се одигра на стадионот во Елбасан.


Слично

Поврзани вести