ЏЕВДЕТ ХАЈРЕДИНИ: Македонија плати висока цена затоа што навреме не го реши албанското прашање!
Џевдет Хајредини, поранешен функционер, колумнист и аналитичар од албанскиот политички кампус. По осамостојувањето на Македонија, тој е првиот албански министер за финансии, наследувајќи го Методија Тошевски. Хајредини во министерската фотеља седнува во септември 92 та и ресорот го менаџира до крајот на 94 та година. По 22 години независност Хајредини е единствениот албански министер што ги менаџирал државните финансии. Во разговор за “Фактор“, оценувајќи ги изминатите 22 години независност, вели “ По осамостојувањето на Македонија, беше пропушена шансата за решавање на албанското прашање – политика која подоцна се плати со висока цена“.
ФАКТОР: Каде ги лоцирате клучните настани што се важни за граѓаните од албанска националност?
ХАЈРЕДИНИ: Според мене, со падот на комунизмот, влеговме во една нова фаза, период кој донесе услови за позитивни политички движења. Економски, и граѓаните од албанска националност се соочија со проблемите како што се сиромаштијата и невработеноста. Но по приватизацијата, сметам дек поголем удар им беше зададен на македонците, бидеќи тие во комунизмот имаа предност при вработувањата на фабриките. Како Албанци, очекувавме дека распадот на тогашниот систем ќе придонесе за остварување на колективните права, никој ниту мислеше ниту се надеваше дека 10 години од прогласување на независност, Албанците ќе се доведат во тешка ситуација.
ФАКТОР: Мислите на конфликтот од 2001 та година?
ХАЈРЕДИНИ: Да. Тоа беше таа тешка ситуација во која Албанците беа принудени на драстичен начин да ги бараат и да ги бранат своите права. Мојата генерација е сведок дека во континиутет се предочуваше на оваа состојба. Тука мислам на елементарните права за пропорционално учество на Албанците во власта и образование на мајчин јазик.
ФАКТОР: Каде ги лоцирате можните пропуштени шанси?
ХАЈРЕДИНИ: Во годините 91 та односно 92 та, по устоличување на независноста, македонската страна имаше ригиден однос кон албанското прашање.Тогаш се пропушти шансата да се исправи неправдата. Деветнаесет месеци по прогласување на државност, во Македонија не можеше да се формираат општините Тетово и Гостивар. Тогашната ВМРО ДПМНЕ беше радикална а СДСМ не презеде ништо за да се променат работите на подобро. Ова беа клучните грешки што потоа се платија со висока цена.
Р.Ф.
Слично
