Џенет Иеллен челична лејди на американската централна банка
Со 56 гласа “за“ и 26 “против“ Американскиот Сенат ја избра Џенет Иеллен за претседател на Федералните резерви на САД, пренесоа агенциите. Џенет е и првата жена - шеф на американската централна банка.
Дел од сенаторите кои се заканија дека ќе гласаат против неа , не успеаја да стигнат до Вашингтон за гласањето поради лошото време и одложените летови, забележува FT.
Некои од републиканците во Сенатот, кои во принцип не ја поддржуваат програмата за откуп на обврзници на ФЕД, гласаа против Џенет. Според нив берзите станаа зависни од "лесни пари", кои ФЕД ги прелива во економијата.
Џенет Иеллен, чиј мандат почнува од 1 февруари, ќе треба да одлучи дали ќе продолжи со политиката на Бен Бернанке за непречено повлекување на паричните стимулации. Можно е таа да одлучи друго, во зависност од состојбата на економијата.
Бернанке, кој ќе претседава со уште една средба на ФЕД на крајот на јануари, даде во декември насоки за можните активности на институцијата во оваа година. Малку е веројатно централна банка на САД да ја зголеми основната каматна стапка, бидејќи невработеноста се уште не достигна до 6,5%. Во моментов нивото е 7 проценти.
Во фокусот на федерални резерви ќе бидат и финансиските регулативи.
Иеллен исто така ја подржува и идејата дека ФЕД може да толерира и малку повисока инфлација, ако тоа е цената за борбата против високата невработеност. Таа сепак е цврст поддржувач на покачувањето на основната каматна стапка при заканата од прекумерна инфлација.
Во меѓувреме Сенатот го одложи гласањето за продолжување на помошта за невработеност на 1,3 милиони Американци. Мотивот - студеното време и укинатите летови, поради кои некои сенатори не успеаја да стигнат до Вашингтон за гласањето.
"Целта е да имаме вистински дебата како и дали да се продолжи исплатата на надоместоци за невработеност и како да ги натераме економијата да расте", коментира заменик-лидерот на републиканците во Сенатот, Џон Корнин.
Специјалната федерална програма обезбедуваше по 300 долари неделно во тек на 28 недели за невработени Американци, кои веќе не добиваат стандардните помош при невработеност. На 28 декември 1,3 милиони луѓе ги изгубија бенефициите од програмата и ако таа не биде проширена се очекува уште 2 милиони луѓе да ги загубат бенефициите во првите шест месеци од годината.
К.К.
Слично
