ЏЕК МА СО СЕРИОЗНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА: Трговската војна меѓу САД и Кина би ....
Коосновачот на кинеската платформа за онлајн трговија Алибаба Џек Ма упати сериозно предупредување во врска со трговската војна помеѓу САД и Кина.
Тој вели дека таа трговска војна ќе потрае и ќе има поголеми последици отколку што можат да замислат повеќето луѓе.
Џек Ма вели дека спорот би можел да потрае 20 години, и да опстане и после мандатот на Трамп, бидејќи двете најголеми економски сили на светот се борат за глобална превласт, пренесе Блумберг.
Кина, според неговите зборови, треба да ја зајакне својата економија.
-Краткорочно гледано, бизнис заедниците во Кина, во САД и во Европа ќе бидат во неволја“, кажал Ма на конференција во Хангџоу.
Неговиот коментар доаѓа недолго откако Кина вети дека ќе возврати со мерки на најавените нови тарифи на САД на увозот на кинеските стоки во вредност од околу 200 милијарди долари.
