Економија, финансии, бизнис

Контакт

Џејсон Мико: САД треба поактивно да се вклучат во решавање на спорот за името

Џејсон Мико: САД треба поактивно да се вклучат во решавање на спорот за името
Иако спорот за името меѓу Грција и Македонија главно треба да биде европско прашање, а САД треба поактивно да се вклучат во процесот,  смета американскиот аналитичар Џејсон Мико. Во интервју за програмата „Гласот на народот“, тој вели дека европските и американските лидери треба да преземат храбра чекори и да извршат поголем притисок врз Грција, која го започна овој проблем. Доколку тие работат заедно и извршат притисок врз Грција, Мико смета дека можеби ќе се реши проблемот. „Она што верувам дека мора да се случи е дека ЕУ и НАТО треба да ги реформулираат своите правила и процесот за прием“, додава тој. Оваа генерација Македонци и идните генерации смета тој, секогаш ќе треба да се борат за зачувување на името на Македонија, идентитетот, јазикот и културата. „Тоа можеби не е фер, но е реалност“, додава во интервјуто. Запрашан за коментар за обраќањето на американскиот амбасадор Волерс за идентитетот, Мико вели од витално значење е да се направи разлика помеѓу идентитет вкоренет во нашата националност и идентитет вкоренет во нашето државјанство, пренесе МИА.
Слично

Поврзани вести