ЏЕФ БЕЗОС НЕ ГО ДАВА ТРОНОТ: Како основачот на Амазон го натрупа богатството до 131 милијарди долари
Основачот на Амазон, Џеф Безос и понатаму е на првото место на листата на Форбс најбогати луѓе на светот, пред Бил Гејтс и Ворен Бафет.
Според годипната класификација на Форбс објавена во вторникот, богатството на 55 годишниот Безос пораснало за 19 милијарди долари во последните година дена и достигнало 131 милијарди долари.
Безос кој држи 16 посто од компанијата, поради богатството е на мета критики на левичарите на американската демкратска партија , а се разликува од Гејст, основачот на Мајкрософт, кој станал филантроп.
Богатството на 63 годишниот Гејтс малку е поскромно . Тоа пораснало минатата година и достигнало 96,5 милијарди долари, во однос на 90 милијарди минатата година.
Трет на листата најбогати е 88 годишниот Бафет, доајен на листата најбогати, иако репутцијата му е дека „има њух“ за добри бизниси погодена од пад на добивката и акцијата на гигантот за храна и агробизнис "Kraft Heinz".
Богатството на Бафет паднало за 1,5 милијарди долари, на 82,5 милијарди.
