Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДЗC: Македонија најмногу тргува со Германија, Грција, Велика Британија и Италија

ДЗC: Македонија најмногу тргува со Германија, Грција, Велика Британија и Италија
Македонија најмногу тргува со Германија, Грција, Велика Британија, Србија и Италија (49.6% од вкупната надворешно-трговска размена се врши со овие пет земји), покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Cпоред нив, вкупната вредност на извозот на стоки од Македонија, во првото полугодие од 2013 година, изнесува 2.000.720 илјади американски долари, а на увозот 3.186.065 илјади долари. Покриеноста на увозот со извоз изнесува 62.8 отсто, а трговскиот дефицит, во периодот јануари-јуни оваа година, изнесува 1.185.345 илјади американски долари. Според податоците, трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, фероникелот, производите од железо и челик (валани производи), облеката и преработките од нафта. Во увозот пак, најмногу се застапени нафтените масла и масла добиени од битуменозни минерали (освен сурови), платината и легурите на платина, необработени или во прав, руди на никел и нивните концентрати и електричната енергија. Во првата половина од 2013 година, најголемо учество во извозот на стоки имаат земјите-членки на ЕУ 27 (70.8%) и земјите од Западен Балкан (20.3%), а во увозот на стоки најголемо учество имаат земјите-членки на ЕУ 27 (59.0%) и останати земји, на друго место неспомнати (11.9%).
Слично

Поврзани вести