Џамбаски: Ме казнија поради совеста за униформите на нивните дедовци
Санкцијата за мавтање со рака не докажува дека сум направил нацистички поздрав во европскиот парламентот. Ова е тешко лицемерие. Утре некој може да каже дека моето одело потсетува на некој државен лидер кој е познат по својата лоша политика. Дали тоа значи дека не треба да носиме одела. Ме казнуваат затоа што имаат грижа на совест поради униформите на нивните дедовци кои ги чуваат во гардероберите.
Ова го кажа за БТВ, европратеникот Ангел Џамбаски. Тој беше казнет со одбивање на дневници за 6 дена (околу 2000 евра) поради нацистичко салутирање во Европскиот парламент.
Џамбазки во истиот разговор вели дека бугарскиот премиер Кирил Петков околу 24 мај се подготвува да се повлече од „црвените линии“ на бугарската позиција за блокадата на Македонија.
Тој беше дециден дека Бугарија не требало да го признае пописот во Македонија. Според него, премиерот Петков несериозно се справува со фактите и дури и не го брани националниот интерес на Бугарија, поради што може да ја заврши својата политичка кариера
