Економија, финансии, бизнис

Контакт

Џамбаски му возврати на Османи: Крајно време е да го срушиме последниот бастион - македонизмот

Џамбаски му возврати на Османи: Крајно време е да го срушиме последниот бастион - македонизмот

Откако министерот за надворешни работи Бујар Османи кажа дека отворањето на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид е провокација која оди на штета на бугарската заедница во државава, бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски побрза да му возврати.

Југославија се распадна, а сега е крајно време да се урне последниот бастион - македонизмот-напиша на Фејсбук Џамбаски.

Кралот Борис III Обединети за последен пат е симбол на ослободувањето и единството на Бугарите, пишува европратеникот, возвраќајки му на Османи дека тоа не било провокација, туку факт.

„Ова господине Османи не е провокација, туку факт. Годините на лаги и пропаганда не можат да ја променат историјата. И таа покажува дека бугарските трупи биле дочекани како ослободители со цвеќе и бугарски песни. Иван Михаилов, кој го мразат сите Македонци, вели: ‘Кога во 1941 година се отворија бугарските училишта во Македонија, никаде немаше бунт и не се бараа други училишта’.

Крајно време е политичарите крај Вардар да разберат дека нивниот страв од распаѓање на лагата не оправдува омраза и репресија врз Бугарите. Југославија се распадна, време е да го срушиме последниот бастион - македонизмот“, напиша Џамбаски на Фејсбук.

Правото на здружување е неприкосновено, но името не е во согласност со втората точка од Конвенцијата за заштита на малцинства, тоа да се прави во духот на дијалог и пријателство, бидејќи ова име ниту помага во пријателството, туку напротив е основа за раздор и нетрпеливост. Оттука сметам дека е провокација. Дури ќе одам и подалеку, мислам дека е на штета на интересите на бугарската заедница во државава, истакна министерот Османи.




Слично

Поврзани вести