Економија, финансии, бизнис

Контакт

Џамбаски: Борисов пречекан со две турски знамиња од Ердоган

Џамбаски: Борисов пречекан со две турски знамиња од Ердоган

Европратеникот Ангел Џамбаски му забележа на поранешниот премиер на Бугарија и претседател на ГЕРБ, Бојко Борисов, дека дозволил да биде пречекан од турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган со две турски и ниту едно бугарско знаме во неговата резиденција.

Според потпретседателот на бугарското ВМРО, додека поголемиот дел од бугарските политичари гледаат кон Запад пред новите парламентарни избори, Борисов отишол „да му ја бакне раката на Султанот“.

Овој месец во Бугарија се одржуваат нови парламентарни избори откако по првите не беше составена Влада. Овој пат прогнозите велат дека ГЕРБ нема да биде партијата што ќе освои најмногу гласови.

Слично

Поврзани вести