Џафери: Несогласувањата се здрави за владината коалиција
Различните ставови и дебатите на одредени теми се здрави за владината колаиција, вели во интервју за Радио Слободна Европа вицепремиерот задолжен за спроведување на Рамковниот договор Муса Џафери.
„Природно е што има недоразбирања, што има различни разгледувања, поради тоа што од почеток имате две големи партии со две различни програми и од тоа треба да се создава една заедничка програма која треба да биде документ што ги поврзува и во текот на мандатот нормално ќе се појавуваат и други теми и ќе има различни разгледувања, ќе има дебата и има дебата, така беше и последната тема и јас мислам дека тоа е здраво за има такви различни разгледувања и се бара секогаш во секоја коалиција да има компромисно решение“, вели Џафери.
Тој вели дека застапеноста на Албанците во јавната администрација се уште не е соодветна и согласна на Охридскиот рамковен договор, иако потврдува дека има вработени кои земаат плата, но не се распоредени на работни места.
„Ние уставно и преку Рамковниот договор го имаме тоа начело кое е клучно за правична застапеност во сите државни органи. И Албанците и другите заедници сè уште не се застапени, така речено, адекватно. Ако има нови примања, нас тоа што би требало да значи застапеноста, треба да се обратите кај другите институции кај кои е одговорноста, заедно со мене, за тоа која е потребата да се примаат нови кадри, што подразбира дека тоа ја прави уште потешка таа избалансирана правична застапеност во нашите институции, во нашата државна администрација“, нагласува Џафери, спород кого одговорноста за новите огласи за вработување треба да се бара во министерствата за финансии и за јавна администрација.
Слично
