Економија, финансии, бизнис

Контакт

Џафери: Не се вработуваат само Албанци, во континуитет се примаат и Македонци

Џафери: Не се вработуваат само Албанци, во континуитет се примаат и Македонци
„Да бидеме малку поотворени, не се примаат само Албанци, во континуитет се примаат и Македонци. Ако во тој натпревар во континуитет, што е нормално, се примаат и Македонци, ние нема да ја стигнеме целта. Тоа е на некој начин, како ние да трчаме по една пирамида која нема крај, не е возможно да издржи буџетот“, вели вицепремиерот задолжен за спроведување на Рамковниот договор Муса Џафери во неделното интервју на Радио Слободна Европа. Запрашан за рамковните вработувања на лица за кои седат дома и земаат плата, вицепремиерот вели дека во континуитет примаат луѓе за да се подобри и да се постигне балансот на правична застапеност. „Не знам, не знам, ама знам едно дека се примаат и треба да се примаат и Македонци. Дали се тие во икс институции, немам проверка, но како бројки релативно кажано, може да бидат 100, 200, 300 додека да се најдат адекватни места за нив, административно да се процесуира тоа, треба време. Не кажувам дека нема некој застој, но не е таа перцепцијата дека тие седат дома и дека тоа е некоја голема бројка. Ако ги гледаме денеска имаме промена, утре ќе имаме друга промена, сите процедури кои треба да ги поминеме за да бидат тие сместени на тие места на кои Владата или институциите сметаат дека е најадекватно. Тоа не е лесно да се најде адекватно место и не е некоја голема бројка која до крајот на годината може да ја нема“, вели Џафери кој не открива конкретно колкава е бројката на вакви вработувања. Осврнувајќи се последните случувања во и обвинувањата дека имало отпуштања од администрација по етничка линија, Џафери тврди дека отпуштањата се условени од долговите кои ги имаат општините. „Најлошо е што нашите општини, мнозинство од нив, се со долгови, никој не се загрижува за тоа. И тука само се зголемуваат проблемите, не е популарно за некоја партија или функционер да скратува на вработени, но ми се чини дека мора да се прави тоа. Не сакам да бранам некој случај, каде што немаме на маса докази дека „тие и тие“ биле примени, но нешто е  очигледно, од каде сето тоа тргнало. Ако во локалната власт во Кичево претходно се примаа само по етничка линија, ние се судривме со тој феномен и мора да имаме некоја рамнотежа. Ама досега не реагираше никој дека се примаат по само по етничка линија“, вели Џафери.  
Слично

Поврзани вести