„DWN“: Мнозинството Германци се разочарани од еврото
Иако економијата на Германија е најголемата и најмоќната во Европа, меѓу жителите на земјата се шири разочарување од единствената европска валута, пишува „Deutsche Wirtschafts Nachrichten“, која ги анализира резултатите од анкетата, спроведена од истражувачката служба на шкотската „Bank of Scotland“.
Дури 47% од испитаниците сметаат дека Германија има заработено од преминување кон еврото. Над 20% од Германците воопшто не се уверени во единствената европска валута, покажува истражувањето.
Во почетокот на 2002 година, непосредно пред воведување на еврото, 54% од Германците изјавиле дека се скептични во врска со транзицијата кон новата валута, 51% очекувале од неа повеќе проблеми отколку предности. Агитацијата и рекламата сепак си ја завршија работата, земјата влезе во монетарната унија и првите критики навистина беа оптимистички.
Сега, по преживеанта економска криза и суштинската девалвација на еврото во однос на доларот, кругот се затвори. Германското јавно мислење повторно демонстрира негативен однос кон единствената европска валута, пишува „DWN“ и забележува неверојатни факти: дури сосема млади луѓе кои не ја паметат својата национална валута, го даваат своето мислење во корист на германските марки.
Весникот забележува исто така вонредна силна загриженост меѓу жителите на Германија дека економската и финансиската криза можат да се повторат повторно. Од анкетата спроведена помеѓу Германците 58% се загрижени за своите заштеди. Речиси секој десетти нема доверба во банките.
„Трендот се манифестира во тоа што многу Германци најчесто ги чуваат своите пари во домовите под душек. Според податоците на Здружението на германските банки, дури 13 година по воведувањето на еврото, Германците се уште чуваат дома 13 милијарди Германски марки“- пишува „Deutsche Wirtschsfts Nachrichten“.
„Сега мнозинството од Германците се евроскептици“ - констатира весникот.
