Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дволични аршини на Антикоруциската комисија: Забранува предизборни вработувања, но не и нови задолжувања на Владата

Дволични аршини на Антикоруциската комисија: Забранува предизборни вработувања, но не и нови задолжувања на Владата

Антикорупциската комисија на последната седница донела „Мислење“ за овластувањата и забраните на државните институции и јавните претпријатија во периодот пред и по распишување на изборите закажани за 11 декември.

Седницата била одржана на 7 септември, а упатството за раководење со државниот имот и пари на интернет страницата на ДКСК е објавено на 19 септември. Без притоа да биде испратено соопштение до јавноста или пак мерките кои ги предвидува Антикорупциска да бидат објаснети на прес конференција.

„Мислењето“ на антикорупционерите се однесува на 92 прашања за тоа што смее, а што не смее да се презема во предизборието. Во однос на вработувања во јавната администрација, нови задолжувања, именување на амбасадори, доделување на концесии, државно градежно земјиште и многу други мерки кои можат да значат корупција на граѓаните за гласови.

Запираат вработувањата во јавната администрација

На прашањето „Дали постои законска пречка да има нови вработувања во државната и јавната администрација“, Антикорупциската комисија дозволува да се вработуваат лица пред распишување на изборите, но секое вработување потоа ќе биде незаконско. Исклучок ќе бидат само вработувања во случај на итни и неодложни работи.

На списокот на „незаконски“ влегуваат и вработувањата со авторски договори, но од друга страна дозволени се именувања и назначувања на амбасадори и почесни конзули од страна на Претседателот на државата.

Во деновите по распишување на изборите, нема да смее да се разрешуваат и именуваат директори, како и членови на управни и надзорни одбори во државни институции за кои Владата има надлежност.

Она што смее да го прави Владата, односно комисиите задолжени за концесии и јавно приватно партнерство, е да донесуваат решенија по предмети поднесени пред распишување на изборите. Но, на пример незаконски е да се склучуваат нови договори за концесии за експлоатација на добра во државна сопственост.

Антикорупционерите и дозволуваат на Владата да склучува договори за доделување на државна помош со странски компании кои се заинтересирани да инвестираат во Република Македонија. Исто така може да дава согласност  за склучување на договор за закуп на земјоделско земјиште со непосредна спогодба со потпис на министерот за земјоделство.  Но, не смее да се даваат одлуки за трајна пренамена на земјоделско во градежно земјиште.

Дозволени се нови задолжувања и пари за поплавените

Антикорупционерите не заборавиле во списокот на „дозволено“ да го вметнат и обештетувањето на поплавените, односно според ДКСК, не постои законска пречка да се донесе одлука за одобрување на средства од резервите на државниот буџет да се префрлат на општините во функција на надомест на настанати штети од природни непогоди и други несреќи. 

Во „Мислењето“ дури е вметната и можноста Владата да донесе одлука за утврдување на максималниот износ на ново задолжување преку издавање на државни хартии од вредност на домашниот пазар, во износ кој е предвиден во Буџетот на државата.

„Ситно“ до распишување на изборите

Откако беше утврден 11 декември како датум за предвремените парламентарни избори, Собранието на Македонија треба да се распушти на 12 октомври и тогаш официјално да ги распише изборите. На 17 октомври радиодифузерите, печатените медиуми и електронските медиуми (интернет-порталите) се должни да утврдат ценовници за платено политичко рекламирање на учесниците во изборниот процес.Јавниот увид во списокот ќе биде можен од 27 октомври до 16 ноември, кога тој и официјално ќе се затвори.На 18 ноември, пак, листите со кандидати на пратеници треба да се објават во дневен печат.Изборната кампања ќе почне на 21 ноември.

J.M.

Слично

Поврзани вести