ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

Двојно зголемена наплата од концесиите за руда во Македонија

Двојно зголемена наплата од концесиите за руда во Македонија


Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини информира дека наплатата на надоместоците за експлоатација на минерални суровини во вториот квартал од 2025 година достигна рекордни 260.379.123 денари. Ова претставува значително зголемување во однос на истиот период во 2024 година, кога беа наплатени 133 576 534 денари.

„Збирно, за првите шест месеци од 2025 година, Министерството оствари наплата од над 500.000.000 денари, што е историски успех во управувањето со природните ресурси на Република Македонија“, соопшти министерството.

Од таму очекуваат оваа бројка да расте со оглед на фактот дека се испратени опомени до концесионерите што се уште не ја регулирале обврската да го сторат тоа во рокот. 

Во корист на наплатата биле засилени инспекциите, теренските проверки, предупредувањата и казните

Од оваа година воведен е нов Тарифник кој ја зголеми висината на надоместоците до 100 отсто.


ad
Слично

Поврзани вести