Двојни избори утре во Македонија
Вториот круг од претседателските избори и предвремените парламентарни избори ќе се одржат утре во Македонија. Од синоќа на полноќ е на сила изборниот молк.
Според ДИК, за претседателските избори право на глас имаат 1.779.572 гласачи во земјава и 8.332 во странство. Додека за парламентарните право на глас имаат 1.780.128 гласачи, а во дијаспората ќе гласаат 27.828 македонски државјани, што е зголемување за три пати во споредба со претседателските избори.
Гласањето на дијаспората, болните и немоќните лица е денеска, еден ден пред официјалниот изборен ден.
Во трката за 123 пратенички места во шест изборни единици во земјата и три во странство се 1.402 кандидати на 14 листи поднесени од пет коалиции и девет политички партии. За претседателската функција во вториот круг ќе се соочат двајцата кандидати со најголем број освоени гласови во првиот круг од изборите.
За следење на вториот круг од претседателските избори и предвремените парламентарни избори закажани за утре, 27 април, се акредитирани 9.952 домашни и 550 странски набљудувачи, како и 283 преведувачи.
Слично
