ДВОДНЕВНА ПОСЕТА: Со кој ќе се сретне Бектеши во Брисел
Повеќе актуелни теми ќе се најдат на маса пред министерот за економија и неколку високи функционери од Европската комисија на средбите кои Бектеши ќе ги има во Брисел овие два дена.
Првиот човек на економијата патува денеска во Брисел каде што ќе биде до четврток, а според најавите од министерството средби ќе оставри со Владис Домбровскис потпретседателот на Европската комисија, со Паоло Џентилони кој ја извршува функцијата комесар за економија.
Бектеши, ќе се сретне и со директорот на Секретаријатот на ЦЕФТА и со амбасадорите на земјите членки на оваа Асоцијација Емир Ѓикиќ.
Една од темите на средбите ќе биде и проширувањето на Зелените коридои и Зелените ленти на премиерите со ЕУ.
Слично
