Економија, финансии, бизнис

Контакт

“Движење за Заедничка Визија” ја поздрави одлуката на Албанија, сириското оружје да не се уништува на нејзина територија

“Движење за Заедничка Визија” ја поздрави одлуката на Албанија, сириското оружје да не се уништува на нејзина територија
Невладината организација “Движење за Заедничка Визија”,  ја поздрави одлуката на премиерот на Република Албанија Еди Рама, да се не уништува во Албанија сириското хемиско оружје. „Ние сметаме дека ова е најпаметна одлука и дека е во интерес, не само на граѓаните од Албанија, туку и на целиот Балкан. Од друга страна, истакнуваме дека немаше потреба оваа одлука толку да се одолговлекува, не требаше да станат сите Албанци во Албанија и пошироко да протестираат и да ја убедуваат владата да не го прима тоа хемиско оружје кое претставува голема опасност за нив и за целиот Балкан. Наспроти ова, премиерот Еди Рама без никакво размислување требаше да каже “НЕ” на оваа неразумна и сосема непотребна понуда, и да не се политизираше со нашата иднина“ - се наведува во соопштението на невладината организација. Исто така НВО “Движење за Заедничка Визија” го поздрави и албанскиот народ за својата решителност , затоа што „со сето срце и сила се обидуваа да ја спречат ова лудост со што и на крај успеаја“.
Слично

Поврзани вести