Две земји влегуваат во нов конфликт околу ретки метали клучни за технологијата и воената индустрија
Нелагодните односи меѓу Австралија и Кина се влошија уште повеќе откако австралискиот министер за финансии Џим Чалмерс вчера им гo одзеде правoто на глас на тројца кинески инвеститори во австралиска компанија за рударство на ретки метали.
Овој невиден потег претставува најагресивен чекор на Чалмерс во тригодишниот обид да ги убеди кинеските инвеститори да го продадат својот удел во „Нортерн Минералс“, наведувајќи ги загриженостите за националната безбедност.
Конгшките компании „Јинг Так“, „Риал Интернешнл Рисорсис“ и „Когир Трејдинг енд Сервис“ заеднички стекнаа 17,6 проценти удел во „Нортерн Минералс“, која го развива проектот за ретки метали Браунс Рејнџ во оддалечениот регион Кимберли во Западна Австралија.
Планинскиот венец Браунс претставува потенцијално богато наоѓалиште на високо вредни метали како што се диспрозиум и тербиум, кои се користат во многу модерни воени и цивилни технологии.
Се очекува дека овој проект би можел да стане конкурент на кинеските производители, кои моментално доминираат на глобалниот пазар на ретки метали.
„Нортерн Минералс“ соработува со американски партнери за финансирање на рудници, како и индиректно со јапонски компании за преработка и маркетинг на готовиот производ. Таа комбинација ја налути кинеската влада, која ги користи ретките метали како инструмент за трговски притисок.
Во изјава до Австралиската берза, Чалмерс рече дека трите кинески компании ги игнорирале претходните наредби, издадени според Законот за странски аквизиции и преземања на Австралија, за продажба на своите акции во „Нортерн Минералс“.
Бидејќи се чини дека не се продадени акции во „Нортерн“, на сопствениците сега им се одземени повеќето од правата, освен правото да ги продадат своите акции.
„Очекуваме странските компании што инвестираат во Австралија да ги почитуваат австралиските закони“, рече Чалмерс.
Кина веројатно ќе реагира остро на одземањето на правото на глас од овие три компании, откако претходно ја бранеше својата позиција.
Во мај, откако Чалмерс ја обнови својата наредба за продажба на акции во Нортерн, портпарол на Министерството за надворешни работи на Кина изјави дека Австралија треба да ги почитува легитимните права и интереси на кинеските инвеститори и да обезбеди недискриминаторска средина за странските инвеститори, пренесува Forbes Bosna.
foto Wikipedia
