Две третини од младите во Србија на грбот на родителите
Само 5% од младите во земјата немаат финансиски проблеми и можат да купат што ќе посакаат, а секој осми млад нема пари да купи облека и обувки.
Над две третини од младите во Србија, на возраст од 16 до 30 години живеат со родителите. Овие „благодети“ на продолжена адолесценција ги уживаат повеќе машките отколку девојките, а на село повеќето млади живеат со родителите за разлика од урбаните средини.
Ова се податоците од студијата „Младите во Србија во 2015 година“. Овие статистики експертите ги коментираат објаснувајќи дека Србија е една од земјите каде младите не се поттикнуваат на самостојност, живеат и зависат од родителите за кои се емоционално поврзани.
Младите не можат да си дозволат 1.46% од шесте основни добра, а тоа се одржување на топол дом, одмор од една недела годишно, оброк со месо, риба или пилешко секој втор ден, замена на мебел, купување нова облека или да поканат гости.
Четвртина од младите во Србија за лични потреби месечно имаат 25 евра.
