Економија, финансии, бизнис

Контакт

Две третини од банките од ЦИЕ веќе имаат ESG стратегија за финансирање на недвижен имот

Две третини од банките од ЦИЕ веќе имаат ESG стратегија за финансирање на недвижен имот

Банките стануваат сè повеќе фокусирани на одржливо (ESG) финансирање на комерцијални недвижности, две третини од анкетираните банки веќе имаат стратегија за ESG за овој сектор, додека сличен број банки ги оценуваат заемите од перспектива на одржливост. Речиси половина од учесниците во истражувањето работат на или веќе нудат специјални, одржливи производи за финансирање, при што некои банкари веќе согледуваат дека заемите се одбиваат поради неисполнување на критериуми за ESG. Ова се базира на овогодинешното 13-то истражување на „Property Lending Barometer“ на КПМГ со учество на преку 40 банки од 10 земји од ЦИЕ.

Зголемената важност на одржливото финансирање беше потврдена од страна на банкарите од сите земји-учеснички, со имплементација на новото законодавство на ЕУ (вклучувајќи ја таксономијата) во стратегиите на матичните компании, а потоа поединечните банки стануваат клучниот двигател на трендот. „Барањата и чекорите што ги преземаат поединечните централни банки влегуваат во игра, а исто така значаен ефект има и тоа дали една земја е членка на еврозоната и е во рамките на овластувањата на ЕЦБ“, истакна Павел Климент, Партнер одговорен за секторот на недвижности во КПМГ во Република Чешка.

Две третини од банките ги оценуваат заемите од перспектива на ESG

Над 68% од анкетираните банкари рекле дека нивната институција веќе ги има вградено критериумите за ESG во проценувањетона заемите за недвижности, при што приближно ист број банкари споменуваат собирање на нови податоци и воведување на внатрешно известување и мониторинг поврзано со ова. Според истражувањето, имплементацијата на новите мерки во секторот најбавно се одвива во Бугарија, Романија и Србија.

65% од банкарите потврдуваат дека имаат ESG стратегија за финансирање на недвижен имот на ниво на банка, при што анкетираните чешки, унгарски и полски банки се над овој просек. Сепак, во Хрватска и Романија, повеќе од половина од анкетираните банки немаат стратегија за ESG за секторот.

Дополнителните ESG услуги што ги обезбедуваат банките, како што се консултантски услуги за субвенционирање или консултантски услуги за заштеда на енергија, се исто така многу ограничени, со исклучок на Чешка и Хрватска.


Слично

Поврзани вести