ДВЕ СЦЕНАРИЈА: Цената на нафтата ќе падне до 20 долари?
Цената на нафтата деновиве на берзите се намали за 1,65 отсто, на 22,04 долари.
Има две сценарија во однос на цената на нафтата.
Првото е дека ќе дојде до историското намалување на производството од 10 милиони барели дневно.
Тоа ќе ја искачи цената на нафтата и до 45 долари.
Втората прогноза е дека цената ќе падне на 20 долари.
Крахот во побарувачката на нафта поради пандемијата на коронавирусот, во вториот квартал од годинава ќе доведе до тоа резервите да пораснат до 17,4 милони барели дневно.
Овој податок го објави Меѓународната агенција за енергетика.
Мал прекин во падот на побарувачката може да се очекува дури во мај, а малку поголем во јуни.
Слично
