За Косово онлајн заменик-командантот на полицијата за северниот регион, Ветон Елшани, потврди дека две лица се повредени, а неколку автомобили се оштетени.
„Околу 23 часот и 50 минути се случи експлозија во Северна Митровица. Две лица се повредени, ќе видиме зошто дошло до експлозијата, истрагата е во тек“, изјави Елшани.
