Економија, финансии, бизнис

Контакт

Две компании ги повлекоа своите инвестициски проекти

Две компании ги повлекоа своите инвестициски проекти

До Фондот за иновации и технолошки развој се пристигнати две известувања за повлекување на два инвестициски проекти на компаниите, информираа од институцијата. 

Се работи за ДОО Гинис 3Д Прилеп за проектот „Гинис принт 2018“ со побарани средства од Фондот во износ од 9.999.338,40 денари и сопствено учество од 23.331.789,60 денари.

Втората компанија е КАСТ ИНВЕСТ ДОО Скопје за проектот „Ја лееме нашата иднина“ со побарани средства од Фондот во износ од 9.990.000,00 денари и сопствено учество од 23.310.000,00 денари.

И двете компании се добитници на средства под инструментот технолошки развој.

Слично

Поврзани вести