Судот пресуди – две години затвор за поранешниот разузнавач Слободан Богоевски
Поранешниот разузнавач Слободан Богоевски денеска беше осуден на две години затвор поради пречекорување на овластувањата и злоупотреба на службена положба. Богоевски според судот, злоупотребувајќи ја функцијата правел малверзации при продажба на земјиште кај спортскиот центар Борис Трајковски кај базенот „Младост“.
Останатите петмина обвинети во случајот наречен „Агент“ беа осудени затвор по две и три години. За Владимир Пешликовски, кој беше главен осомничен судот одреди затвор од 2 години за перење на пари, а Васко Томановиќ беше осуден на три години. Словенечкиот државјанин Митја Балиќ, во отсуство беше осуден на 2 години затвор, а Даниела Трјаковска и Ален Јегенин го завршија судењето со условни казни.
Обвинетите исто така ќе треба да платат штета од околу 850 илјади евра главно поради перење пари.
Слично
