Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДВЕ ГОДИНИ МОЈДДВ: Очекуваа 50 милиони евра поврат годишно, ама за две години вратени 36,3 милиони евра

ДВЕ ГОДИНИ МОЈДДВ: Очекуваа 50 милиони евра поврат годишно, ама за две години вратени 36,3 милиони евра

Државата им вратила на граѓаните за две години 36,2 милиони евра, пари кои се поврат од платениот ДДВ преку проектот МОјДДВ. Проектот почна на 1 јули во 2029 година, а денеска се сумираа резултатите. Директорката на Управата за јавни приходи Сања ЛУкаревска денеска рече дека на 399.000 корисници од различна возраст на апликацијата „МојДДВ“, во изминатите две години им се исплатени вкупно 2.238.340.844 денар, од кои во првата година преку „МојДДВ“ вратени се над 670 милиони денари, во втората година над 1,5 милијарди денари, а во првиот квартал од  годинава на граѓаните им се вратени 413.758.172 денари.

„Овие бројки се показател дека бројот на корисници и бројот на скенирани фискални сметки се зголемува. Граѓаните веќе знаат дека со сигурност на секои три месеци на нивните трансакциски сметки се исплаќа  повратот на ДДВ кој го оствариле и со тоа се зголемува довербата кон институциите, изјави Лукаревска.

Потенцира дека благодарение на „МојДДВ“ едно четиричлено семејство може да врати до 28.000 денари годишно во својот семеен буџет.

Сепак кога беше најавен проектот, Владата најавуваше дека годишно од повратот кај граѓаните ќе завршуваат 50 милиони евра, а процентот на поврат ќе се зголемува. Во меѓувреме само се зголеми повратот на ДДВ за купените македонски производи  од 15 на 20 отсто, ама се намали за останатите добра и услуги на 10 отсто


Слично

Поврзани вести