Економија, финансии, бизнис

Контакт

Две девојчиња се удавија во Албанија

Две девојчиња се удавија во Албанија

Две малолетни девојчиња на возраст од 11 и 13 години се удавија на плажата Тале, во близина на градот Леже во Албанија.

Според првичните информации, девојчињата влегле во морето во дел од плажата кој не бил надгледуван и без присуство на спасувачи. Се претпоставува дека морските струи ги повлекле и тие не успеале да се вратат назад кон брегот.

И покрај брзата интервенција, нивните тела биле извлечени од водата, по што биле пренесени во мртовечницата на Регионалната болница во Леже.

Полицијата излегла на местото на настанот и спроведува истрага со цел целосно да се утврдат околностите под кои се случила трагедијата.

foto printskrin youtube

Слично

Поврзани вести