ДВЕ ДАМИ СЕ НОВИ ЧЛЕНКИ НА УО: ПРОМЕНИ ВО РАКОВОДНИОТ ВРВ НА „ФАБРИКА КАРПОШ“ - разрешени Јоксимовиќ и Јаневски
Непосредно после Новогодишните празници, дошло до промени во раководниот врв на скопската градежна компанија „Фабрика Карпош“.
Имено, како што самата компанија ја информираше инвеститорската јавност преку Македонската берза, разрешени се двајца членови на Управниот одбор, а на нивно месето се именувани две дами.
„Согласно Глава 6 од Правилата за котација, известуваме за следниве измени во органите на управување:
Со одлука на Надзорниот одбор на фабрика КАРПОШ АД Скопје е извршена промена на членови на Управен одбор, на начин што од функцијата се разрешени членовите Горан Јоксимовиќ и Михо Јаневски, а на нивно место се именувани Катерина Ампова и Анита Русомаровска“, се вели во известувањето кое до Македонската берза го испрати оваа градежна компанија.
Доминантен и најголем акционер на Фабрика Карпош е АД Градежен институт „Македонија“, кој поседува 76,86 отсто од акциите на оваа компанија.
Н.Н.Ф.