Двајцата демонстранти од Левица денес на обвинителна клупа
На обвинителна клупа во Кривичниот суд денеска ќе седнат двајцата членови од „Левица“, Здравко Савески и Владимир Куновски.
Тие се товарат за учество во толпа за време на демолирањето на народната нканцеларија на ппретседателот Иванов и се наоѓаат во куќен притвор.
Материјалната штета која надлежното скопско обвинителство им ја изрече е 15.000 евра.
Од Левица по повод апсењето на нивниот член, Здравко Савевски рекоа дека целта е да се угуши народниот револт кој станува се помасовен.
Димитар Апасиев од Левица вели дека со секој притворен власта превизвикува контраефект, односно дека протестите ќе бидат се помасовни. Тие испратија три пораки до надлежните.
„До министерот и заменик министерот за внатрешни работи да ги евидентираат, но да не ги процесуираат овие кривични пријави додека не заврши оваа политичка криза. Јавното обвинителство да не бара притвори за овие предмети и до судијата, не до судот, туку конкретниот судија кај кого ќе се падне овој предмет под ниту еден основ да не оределува мерка притвор, туку да остави правдата да се спроведува без суптилни притисоци“ – рече Апасиев.
Членови на Левицата носеа транспарент на кој пишуваше „Апсете демонстранти, помилувате криминалци“.
Вчера пак Мариглен Демири, членот на Президиумот на Левица денеска во 12 часот беше повикан на информативен разговор во Основното јавно обвинителство Скопје.
Епилогот од распитот е дека нема мерки против Демири.
Како што Демири сам објави на Фејсбук, распитот во ОЈО е завршен, а според неговите зборови обвинителката била коректна.
„Потсетуваме и дека по претходните приведувања и апсења граѓанскиот револт само растеше. На граѓан(к)ите им е совршено јасно дека ваквите апсења се последниот очајнички обид на режимот да го скрши протестното движење и да се спаси. Граѓан(к)ите препознаваат селективна правда и затоа денес ќе излезат во уште поголем број на протест, за да ја повратат слободата и правдата“ – велат од Левица.
