Економија, финансии, бизнис

Контакт

Двајца вработени во УЈП ја оштетиле државата за скоро 15 милиони денари

Двајца вработени во УЈП ја оштетиле државата за скоро 15 милиони денари

 Управник и раководител во УЈП Тетово се сомничат за кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување.

Тетовската полиција поднесе кривични пријави против Ѓ.К.(51) од Тетово управник во УЈП-Регионална дирекција-Тетово, и С.А.(62) од Македонски Брод раководител во УЈП Тетово.

Тие се осомничени дека не обезбедиле наплата на долг на Авто мото здружение од Гостивар. Вработените не обезбедиле залог на недвижен и движен имот, кој не бил оптоварен со хипотека за кој УЈП водела постапка со АМЗ Гостивар за побарување во извршна постапка.

Управата не можела да ги плати своите побарувања, а недвижниот имот на здружението било под хипотека во корист на ,,Триглав” осигурување.

На овој начин, двајцата вработени по основ на неплатен данок на доход и камата го оштетиле буџетот со 14.884.949 денари.

Слично

Поврзани вести