Економија, финансии, бизнис

Контакт

Двајца рудари повредени во експлозија во рудникот „Добрево“

Двајца рудари повредени во експлозија во рудникот „Добрево“
Двајца рудари утрово се здобиле со повреди при експлозија во рудникот „Добрево“ во Пробиштип. Причината за експлозијата се уште не е позната, но не се исклучува моноста да експлодирала мина. Настрадале 42-годишниот рудар Д.З и 49-годишниот З.Т. од Пробиштип. кои веднаш биле префрлени на Клиничката болница во Штип. Со потешки повреди поминал Д.З. кој во експлозијата заработил повреди на лицето и ќе биде опериран. Неговиот колега поминал со полесни повреди и по свое барање ќе биде пуштен на домашно лекување. Рударски инспектор и јавен обвинител ќе извршат увид во рудникот. Во последните десетина дена ова е втора несреќа во рудникот „Добрево“ со кој раководи фирмата „Индо-минерали и метали“. Претходно, камен блок падна врз рудар, по што тој заврши со повреди на грбот.  
Слично

Поврзани вести