Двајца професори се борат за најпрестижната функција на УКИМ
Никола Јанкуловски и Ненад Новковски го поминаа првиот круг за избор на нов ректор на УКИМ.
Кој ќе биде нов ректор ќе се знае на 27 јуни за кога е закажана седницата на универзитетскиот сенат.
Никола Јанкуловски е актуелен декан на медицинскиот факултет и професор по предметот хирургија додека Ненад Новковски е поранешен министер за образование и професор на Природно- математичкиот факултет.
Првично беа пријавени шест кандидати за најпрестижната функција на универзитетот а од трката испаднаа деканот на Машинскиот факултет Атанас Кочов, проректорот за финансии, инвестиции и развој на универзитетот Коле Василевски, инаку професор од шумарскиот факултет професорот Александар Димитров од Технолошко-металуршкиот факултет и професорката Елена Думова Јовановска од Градежниот факултет.
Крајниот избор ќе се одржи на 27-ми јуни, кога сенаторите, по пат на тајно гласање ќе го одберат новиот ректор на универзитетот.
