Економија, финансии, бизнис

Контакт

Двајца повредени во сообраќајка кај Никуштак

Двајца повредени во сообраќајка кај Никуштак
Две лица вчера во 17.30 часот се повредени во сообраќајна несреќа, кај селото Никуштак на регионалниот пат Куманово-Скопје. Во несреќата дошло до директен судир на два автомобили, „рено“ со скопски регистарски ознаки управувано од  С.Ј. (50) од Кратово и „ауди А4“ со скопски регистарски таблички, кое го возел  С.С. на возраст од 36 години. Возачот на „аудито“ се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Брза помош е пренесен во Општа болница Куманово, каде е задржан на лекување, а неговиот сопатник, е пренесен во Ургентниот центар во Скопје. Допрва ќе се утврдуваат причините за несреќата.
Слично

Поврзани вести