Двајца Пакистанци најдени во скопско БМВ
Во близина на Демир Капија кај Прждевски споменик на автопатот во правец Гевгелија-Скопје, синоќа околу 22.45 часот полицајци од ОН Неготино стопирале„БМВ“ со скопски регистерски таблички, управувано од Н.Н.(23) од Скопје.
Во багажниот простор се откриени две лица илегални мигранти од Пакистан.
Н.Н. бил приведен и задржан во полициска станица и против него ќе биде поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење на мигранти“. Мигрантите ќе бидат сместени во Прифатниот центар за странци.
Слично
