Двајца мажи се самозапалија во Идомени, бараат отварање на балканската рута
Двајца мигранти се самозапалија во кампот Идомени во Грција, револтирани поради затворањето на балканската рута.
Во бегалскиот камп околу пладне двајцата мажи најверојатно од Сирија, посегнаа по своите животи порачувајќи дека ќе умрат, но не се враќаат назад.
Останатите веднаш реагираа, по што повредените со Брза помош се префрлени во болница.
Протест од неколу стотици мигранти од Сирија, Авганистан и Ирак утрово имало пред македонската граница. Тие барале да се отворат границите, а носеле и пароли на кои пушувало „жалиме за Брисел“.
Слично
