Економија, финансии, бизнис

Контакт

Двајца Косовци и четворица Италијанци биле во авионот кој се урна

Двајца Косовци и четворица Италијанци биле во авионот кој се урна

Во авионот кој попладнево се урна кај селото Кожле имало двајца државјани од Косово и четворица од Италија, потврдија од МВР.

Делови од авионот се најдени на 2 километри од селото Кожле, а  полицијата  го обезбедува местото на несреќата.

Полицијата го блокира пристапот кон селата Кожле и Ветерско и не им дозволува на новинарските екипи да снимаат.

Авионот „Пајперс” полетал од градот Тревизо во Италија, а крајна дестинација му била Приштина. Авионот најавил слетување на аеродромот во Скопје за да дополни гориво, но попладнево во 17.40 часот исчезнал од радарите.

Слично

Поврзани вести