Економија, финансии, бизнис

Контакт

Двајца исчезнати по невремето во тетовско

Двајца исчезнати по невремето во тетовско
По вчерашното невреме што најсилно беше во тетовскиот регион, полицијата се уште трага по шестгодишно девојче од Шипковица и по 61 - годишен маж од село Лисец. До сега, полицијата ги пронајде телата на 4 лица од кои три се деца. Едниот од загинатите е човек на 83 годишна возраст од Шипковица, а животот го загубија и деца од кои едното имало 14 години, а другото било на возраст од неполни 2 години. Загина и седумгодишно дете од Тетово чие тело беше пронајдено во Голема Речица. Од вчерашното невреме и обилните дождови, се излеа реката Пена, по што се поплавија голем број куќи и улици. Најмногу штета претрпи тетовскиот регион.
Слично

Поврзани вести