Двајца функционери на ДУИ поднесоа оставки
Вчера после „бомбите“ на опозицијата, редовите на ДУИ ги здрмаа две оставки.
Арбен Лабеништа си поднесе оставка која до Министерството за одбрана официјално ќе ја достави утре.
Зошто и што го натерало заменик министерот од ДУИ да се одлучи на овој чекор?
Тој вели дека е незадоволен од начинот на кој функционира партијата во време кога земјава ја тресат политички кризи и скандали,
„Нецивилизирани луѓе, неедуцирана демократија, недостатокот на етички и морални капацитети создава хаос, искористување, обесхрабрување, талог кој ќе ги покрие нашите напори за нашиот национален и општествен живот во иднина“, пишува Лабеништа во своето објаснување на мотивот за оставката на својот профил на Фејсбук.
После овој изненадувачки чекор за многумина, од функцијата се повлече и генералниот секретар на партијата Хазби Лика.
Тој пак, причина за заминувањето од оваа партија го истакнува НЕдистанцирањето на неговата партија од Владата после аудио снимките на опозицијата.
Официјален став на партијата по овие два оставки се очекува деновиве.
