Економија, финансии, бизнис

Контакт

Двајцата Срби се евакуирани од Авганистан

Двајцата Срби се евакуирани од Авганистан

Марко Прибак и Александар Цвејиќ, српските државјани кои имаа проблем да заминат од Авганистан и побараа помош преку српските медиуми, се евакуирани. 

Тие се евакуирани во Ташкент, главниот град на Узбекистан, пренесува Н1 повикувајќи се на Министерството за надворешни работи.

Претходно денеска, Министерството соопшти дека има напредок во организирањето на евакуација на тројца српски државјани во Авганистан.

„Само што добивме потврда од нив двајца дека, по успешниот лет за евакуација организиран од Германија, тие безбедно слетале во Ташкент“, велат од министерството.

Министерството за надворешни работи на Србија им се заблагодари на германските партнери и на сите што помогнаа во евакуацијата на српските државјани. Србија не можеше да го испрати својот авион во Авганистан затоа што цивилниот аеродром во Кабул не е во функција.

Слично

Поврзани вести