Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДВАЈЦАТА НАЈГОЛЕМИ РАБОТОДАВАЧИ ВО ЗЕМЈАВА СЕ ГЕРМАНСКИ ФИРМИ - „Кромберт и Шуберт“ и „Дрекселмајер“ имаат по близу 6.000 вработени

ДВАЈЦАТА НАЈГОЛЕМИ РАБОТОДАВАЧИ ВО ЗЕМЈАВА СЕ ГЕРМАНСКИ ФИРМИ - „Кромберт и Шуберт“ и „Дрекселмајер“ имаат по близу 6.000 вработени

Делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија оваа есен спровела анкета помеѓу германските инвеститори во земјата, информира Патрик Мартенс, директор на Делегацијата на германското стопанство во земјава.

„Нè радува фактот бидејќи расте бројот на инвеститорите кои во измината година се одлучија да ги прошират своите производни капацитети, а посебно сме горди на податокот дека двата најголеми работодавачи во земјата се токму германски компании, компанијата Кромберт и Шуберт која вработува 5.997 лица, а веднаш зад неа на листата е Дрекслермајер со 5.850 вработени“, пишува Мартенс во своето соопштение во јавноста.

Германските инвеститори во земјата кои одговориле на оваа анкета вработуваат 20.000 лица и се сметаат за сигурни работодавачи.
„Во однос на платите, 95 отсто од инвеститорите кои одговорија на прашањето поврзано со плати за неквалификуваните работници, исплаќаат дури 40 отсто повисоки плати од задолжителната минимална плата“, се вели во соопштението.

Од анкетираните компании, само 15 одговориле на прашањето за висината на нивните досегашни инвестиции во земјата, односно тие досега имаат инвестирано 382 милини евра.
Само седум компании, пак, ги споделиле идните планови за инвестирање, и тие планираат во периодот кој следи да вложат уште 144 милиони евра во земјата.

„Минатиот месец спроведовме анкета меѓу текстилните компании во Северна Македонија во соработка со Gesamtmasche, здружението на германската индустрија за плетење. Целта беше да се претстави опсегот на услуги кои ги нуди македонската текстилна индустрија. Во истражувањето учествуваа 14 текстилни компании од Северна Македонија.
Резултатот од истражувањето покажува дека во Северна Македонија текстилните компании нудат услуги кои ги опфаќаат сите фази на текстилно призводство. Шест компании одговорија дека вршат доизработка или производство на креан производ, додека другите шест нудат само делумна доработка како боење, печатење, штепување, ткаење, шиење на копчиња.
Во Северна Македонија се регистрирани околу 400 текстилни компании, и повеќето од нив работат за германскиот, холандскиот и британскиот пазар“, информира Мартенс.

Слично

Поврзани вести