Двајцата инспектори во Чаир уапсени за примање мито
Двајцата инспектори кои синоќа беа уапсени во голема полициска акција во скопски Чаир се осомничени дека примале поткуп, објави Прес24. Според информациите, тие од граѓанин побарале мито за да не му пишат кривична пријава за сторено кривично дело. МВР испитува дали во ова е вмешан и некој од нивните претпоставени.
Инспекторите беа уапсени во полициска акција во близина на Трговскиот центар „Чаирчанка“ синоќа, а во акцијата учествуваа голем број припадници на полицијата.
Аматерско видео од апсењето може да погледнете ТУКА
Слично
