Економија, финансии, бизнис

Контакт

Двајца работници во последен момент се спасиле од експлозијата во Горни Лом!

Двајца работници во последен момент се спасиле од експлозијата во Горни Лом!
Двајца работници имале огромна среќа и само заради случајност се спасиле од катастрофалната експлозија во фабриката за муниција, во бугарското место Горни Лом, каде најверојатно загинаа 15 лица. Еден од вработените вчера не се јавил на работа, додека друг ја заборавил личната карта и бил вратен од работното место, покажа истрагата. Ваквата случајност веројатно ги спасила од сигурна смрт. Во моментот на несреќата во фабриката имало 12 работници и три лица од управата на компанијата. Се претпоставува дека сите се загинати, но информацијата уште не може со сигурност да се потврди затоа што се уште не е дозволен влез во кругот на фабриката поради можност од нови експлозии. Пред извесно време во фабриката во Горни Лом работеле 120 лица, но во 2010 година тој број бил намален на вкупно 50. Од нив, 15 се верува дека биле во кобната смена кога се случила експлозијата. Работници тврдат дека условите за работа во фабриката биле многу лоши, а и инспекциските служби потврдија оти компанијата-сопственик неколкупати била казнувана за непочитување на работничките права и прописите за заштита при работа. Тим од 10-тина психолози од денеска е во Горни Лом, во обид да им помогне на семејствата на настраданите да се справат со последиците на несреќата. ЕКСПЛОЗИЈА ВО БУГАРИЈА: Поранешен работник во фабриката тврди – заминав за да си го спасам животот!
Слично

Поврзани вести