Економија, финансии, бизнис

Контакт

Двајца пратеници се тужеа за клевета – едниот го доби спорот и надомест 1.000 евра

Двајца пратеници се тужеа за клевета – едниот го доби спорот и надомест 1.000 евра
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието Васил Пишев ја добил тужбата против неговиот колега-пратеник Панче Орцев од СДСМ за клевета и навреда, а за изнесените невистини судот му досудил надомест од 1.000 евра. Орцев во изјава за локалните телевизиски станици Вис и Интел го обвинил Пишев дека неговата кампања била финансирана од Република Бугарија и оти тој има бизнис релации и интереси со оваа држава. „Кажа дека сум имал резервна татковина, дека мојата кампања била финансирана од Република Бугарија, дека за тоа треба да платам дебела противуслуга кога ќе бидам избран за Градоначалник, дека ќе сум ја задолжел Општината со 15 милиони евра, дека сите јавни работи ќе ги работеле моите спонзори од Бугарија, дека поради истото 5000 семејства би останале без егзистенција, дека сум договорил изградба на споменик за 5 милиони евра, дека сум ја ветил и „Струмица-Гас“ за 2 милиони евра и ред вакви и слични глупости и лаги“, изјави Пишев. Судот на Орцев му се утврдил граѓанска одговорност за клевета и тој е должен на Пишев да му исплати 62.000 денари на име надомест на нематеријална штета поради повреда на чест, углед и достоинство. Средствата, како што најави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, ќе бидат донирани во хуманитарни цели. Пратеникот на СДСМ, Панче Орцев, пак, ги отфрли обвинувањата од пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Васил Пишев и уште еднаш го праша дали има семејни бизниси во Бугарија и какви се неговите релации со соседната земја. „Колегата Пишев, подолг временски период покажува знаци на нервоза, знаци на растревоженост, со тоа што не сака да ги прифати резултатите од локалните избори кои што се одржаа во општина Струмица речиси пред една година. Сакам директно да му одговорам на неговото прашање, дека Панче Орцев ниту потпишал, ниту дал, ниту изјавил дека лажел. И да го потсетам дека не е коректно да се коментираат судски одлуки и да се мафта со одредени судски документи“, рече Орцев.
Слично

Поврзани вести